Дома Фудбал Останато Дали оваа фотографија значи дека помеѓу Јунајтед и Зидан нешто се случува? (ФОТО)

Дали оваа фотографија значи дека помеѓу Јунајтед и Зидан нешто се случува? (ФОТО)

Зинедин Зидан се уште е без работа откако на крајот од минатата сезона ги изненади сите со одлуката да го напушти Реал Мадрид.

Зидан со Реал Мадрид успеа да освои три титули во низа во Лигата на шампионите, што претходно не му успеало на нико. Меѓутоа на крајот на сезоната непријатно ги изненади навивачите на овој клуб кога одлучи да го напушти Мадрид.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Францускиот стратег веднаш истакна дека нема да брза со враќањето на тренерското столче, но дека добро ќе размисли ако добие примамлива понуда. Веќе неколку недели се шпекулира да Зидан може да го превземе Манчестер Јунајтед, а денес самиот Французин предизвика многу коментари.

Имено, Зидан објави слика на својот Инстаграм профил и откри дека се наоѓа во Лондон.
Ова им беше доволно на англиските медиуми да започнат со пишување дека преговара со „ѓаволите“.

Во таборот на Манчестер Јунајтед после вчерашниот пораз од Дерби Каунти атмосферата е лоша, а тоа се докажа и со ситуацијата помеѓу Погба и Мурињо утрово, па не е и дека не е логично.

Сепак, не е ништо потврдено и повеќе информации се очекуваат во текот на наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Сити ја доби правната битка со Премиер лигата

Манчестер Сити доби судска битка против Премиер лигата во врска со правилата за комерцијал…