Дома Фудбал Англија Венгер тврди: Се уште не сум пензиониран!

Венгер тврди: Се уште не сум пензиониран!

Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека се уште не се повлекол од фудбалот.

Венгер ова лето после цели 22 години го напушти Арсенал, во моментов е без ангажман, но тврди дека не планира да се пензионира.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Не сум се повлекол од фудбалот. Ако сакав да се пензионирам, веќе ќе го направев тоа. Во октомври ќе наполнам 69 години“, изјави Венгер.

Сепак, Французинот не одговори дали би прифатил понуда од клуб во текот на оваа сезона.

„Не знам, не знам“, кратко изјави Венгер.

Искусниот стратег го водеше Арсенал од 1996 до 2018 година и под негово водство „топџиите“ три пати ја освоија титулата во Премиер лигата, а 7 пати го освоија ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крсте Велкоски се врати во Сараево

Фудбалскиот клуб Сараево денес потврди дека Крсте Велкоски се вратил во клубот како технич…