Дома Фудбал Италија Гатузо потврди: Игуаин може да го пропушти мечот со Емполи!

Гатузо потврди: Игуаин може да го пропушти мечот со Емполи!

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо откри дека првата ѕвезда Гонзало Игуаин е под знак прашалник за утрешниот меч со Емполи.

Аргентинецот има мала повреда, која најверојатно ќе го извади од стартниот тим за утрешниот меч.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Гонзало има мал проблем кој го мачи. Тоа е стара повреда и утре ќе решам дали ќе игра. Против Аталанта игравме многу добро,но во последните 25 минути се отпуштивме. Играме убав фудбал, но проблемот е кога топката е кај противникот“, изјави Гатузо.

„Јас не сум психолог, туку тренер. Ги познавам моите фудбалери, но тоа што го правиме не е доволно. Кога ќе почнеме да реагираме како тим кога топката не е кај нас ќе бидеме многу подобри. Оптимист сум, бидејќи навистина имаме силен тим“, додаде Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанците најавуваат изненадување: Флик во Барса сака да врати една легенда, Ракитиќ фаворит

Иван Ракитиќ би можел да се врати во Барселона во улога на помошник тренер, пренесуваат шп…