Дома Фудбал Останато Доказ за неговата скромност: Забележавте ли каков телефон користи Модриќ? (ФОТО)

Доказ за неговата скромност: Забележавте ли каков телефон користи Модриќ? (ФОТО)

modric

Kaпитенот на Хрватска и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ доминира кога во прашање се индивидуалните награди оваа година му недостасува само уште „Златната топка“ за која што е прв фаворит.

Индивидуалните награди за Модриќ започнаа кога во текот на летото ја освои наградата за најдобар играч на Мундијалот, потоа следуваше и наградата од УЕФА, за последна да му биде доделена ФИФА наградата за играч на годината.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Хрватот и покрај славата која ја ужива во овие моменти важи за скромен човек кој не сака да се расфрла со милионите кои ги заработува во Мадрид. Дека навистина за Модриќ материјалните работи и не се толку важни покажува телефонот кој го користи.

Додека голем дел од неговите колеги секогаш кај себе ги имаат најновите модели Модриќ на доделувањето на наградите се појави со „Ајфон 5с“, модел кој веќе се смета за постар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…