Коефициентите веднаш се променија, еве како стојат работите.
Војната со Погба и понатаму е во тек, но од друга страна повеќе загрижуваат резултатите, Јунајтед е далеку од врвот во Премиер лигата и со ваков тим не можат многу да се надеваат во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчерашната елеиминација од второлигашот Дерби го доведе Мурињо во ситуација да се зборува за негов отказ.
Сега тој е прв фаворит да ја изгуби работата во Премиер лигата. Англиските обложувалници сега за отказ на Португалецот доделуваат коефициент 4.00 што е најмал од сите менаџери во Премиер лигата.
Зад него останаа Нил Ворнок од Кардиф и Мануел Пелегрини од Вест Хем.
Во непосакуваната трка се уште Бенитез кој би можел и сам да замине, доколку не се договори со управата на Њукасл за адекватни засилувања во јануарскиот преоден рок.
Најинтересна е ситуацијата со тренерот на Хадерсфилд, Вагнер. Овој клуб е последен на табелата и сметајќи ја и претходната сезона скоро и да заборавија кога последен пат победиле, за негов отказ коефицинетот изнесува 17.