Дома Фудбал Останато „Златна топка“: Колку работите се променија после доделувањето на ФИФА наградите?

„Златна топка“: Колку работите се променија после доделувањето на ФИФА наградите?

Онаа вистинската „Златна топка“ повеќе нема врска со ФИФА, а јасно ниту со УЕФА, Л’Екип доделува награда која и тоа како е признаена. Во овој момент изгледа имаме само двајца кандидати.

За прв после две години Кристиано Роналдо не е фаворит за „Златната топка“. Улогите се променија, прв фаворит сега Лука Модриќ. Пред Мундијалот коефициентот за Хрватот изненсуваше 100, а сега е 1.50.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сепак, никој не смее да го отпише Роналдо кој асега има коефициент 2.15, а третиот фаворит за кого фудбалскиот свет е убеден дека нема никакви шанси е Антоан Гризман со коефициент 12.

Тие започнуваат од тоа дека француски весник ја доделува наградата, но гласаат и нивните дописници од различни држави, како и големи експерти и фудбалски имиња, па тешко дека Гризман може да очекува некаков попуст.

Мбапе следи зад триото, а Меси е дури петти кандидат (коефициент 16), следуваат Нејмар, Кејн и Де Брујн.

Значи, според обложувалниците нема дилеми дека наградата ќе заврши кај Роналдо или Модриќ. УЕФА за многумина направи неправда кога титулата за најдобар во Лигата на шампионите му ја додели на Модриќ, но кога се гледа генерално тука Мундијалот би требало да надвладее, а таму Модриќ беше доминантен.

Кога во прашање е Гризман кој го освои СП и Лига Европа со Атлетико? Неговото изоставување, односно малите шанси многумина ги правдаат со тоа што во Русија не одигра главна улога во својата селекција, додека Лука беше најдобар играч на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тео Хернандес суспендиран на два меча

Дефанзивецот на Милан, Тео Хернандес доби суспензија од два натпревари откако доби црвен к…