Извршниот потпретседател на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард јавно му даде подддршка на менаџерот Жозе Мурињо и покрај потпросечниот старт на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во денешното обраќање пред акционерите, кое следеше по објавувањето на годишниот финансиски извештај, Вудворд потсети зошто клубот го избрал Мурињо и вети дека ќе бидат направени доволно инвестиции, за да биде Јунајтед поконкурентен.
„Лесно е да ги посочите флуктуациите во играта, гледајќи натпревар за натпревар. Јас сепак сакам да отстапам чекор назад и да ја погледнам големата слика. Ние сме најголемиот спортски клуб во светот, судејќи по бројот на фанови. Знаеме дека овој статус не обврзува да продолжиме со напорите и инвестициите, за да го задржиме“.
„Одборот, инвеститорите и сите во клубот се во согласност со приврзаниците за тоа како треба да изгледа тимот на теренот и дека треба да се освојуваат трофеи. Тоа е една од причините поради кои го ангажиравме Жозе Мурињо и веќе имаме три титули со него“, изјави Вудвард.
Веќе подолго време медиумите на Островот шпекулираат дека столчето на Мурињо не е сигурно поради слабите резултати и конфликтот со најскапиот фудбалер на тимот, Пол Погба.