Дома Фудбал Италија Ди Франческо пред отказ, а Рома му спрема одлична замена!

Ди Франческо пред отказ, а Рома му спрема одлична замена!

Фудбалерите на Рома лошо ја започнаа новата сезона во Серија А. Како најголем виновник за лошата игра е означен стратегот на „волчицата“, Еусебио Ди Франческо.

Рома после пет одиграни кола во Серија А се наоѓа на катастрофалното 15-то место со една остварена победа. Освен лошиот старт во првенството, „волчицата“ доживеа и убедлив пораз на отварањето во Лигата на шампионите од Реал Мадрид со 0:3.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Според тврдењата на „Газето дело спорт“, тренерот Ди Франческо ќе добие отказ доколку во следните три натпревари не забележи победи.

Наводно во Рома веќе стапиле во контакт со агентот на потенцијалниот наследник, а станува збор ни помалку, ни повеќе за – Антонио Конте!

Ди Франческо на клупата на Рома седна минатата година после пет успешни сезони во Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Цел свет на Ливерпул му фаќа сеир поради Вирц, а тие велат: Тој е иден освојувач на „Златната топка“!

Претседателот на Ливерпул, Том Вернер, уверува дека Флоријан Вирц е играч кој ќе придонесе…