Ѕвездата на Челзи, Еден Азар го договорил деталите за новиот договор со раководството на Чезли, пренесуваат англиските медиуми.
Сегашниот договор на Белгиецот истекува во 2020 година и двете страни веќе подолго време преговараат за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преговорите во еден момент беа прекината, а медиумите тоа го протолкуваа како знат дека Азар сака да си замине од „Стенфорд Бриџ“.
Сепак, последните информации од Островот говорат дека двете страни конечно постигнале договор и Азар наскоро ќе стави потпис на нов договор.
Со новиот договор Белгиецот ќе се обврзи на верност со „сините“ до 2022 година и ќе добие значително зголемување на платата.
27-годишниот Азар на шест натпревари од Премиер Лигата оваа сезона веќе има 5 постигнати голови и две асистенции, а вечра беше избран и во идеалниот тим на годината од страна на ФИФА.