Дома Фудбал Англија Погба повторно против Мурињо: Треба да напаѓаме повеќе!

Погба повторно против Мурињо: Треба да напаѓаме повеќе!

Пол Погба јавно призна дека е разочаран од начинот на кој игра Манчестер Јунајтед оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените ѓаволи“ одиграа 1:1 на домашен терен против Вулверхемптон, а Погба тврди дека тимот мора да игра напаѓачки фудбал.

„Домаќини сме и би требало да играме многу подобро. Едноставно мора да напаѓаме, напаѓаме и напаѓаме. Мислам дека тимовите се плашат кога ќе видат дека Манчестер постојано напаѓа. Тоа е нашата грешка“, изјави Французинот.

Погба потоа беше запрашан зошто тимот не игра напаѓачки фудбал.

„Тоа не можам да ви го кажам, јас сум само играч. Причината не е во мене. Јас не сум менаџер“, одговори Погба јасно вперувајќи го прстот во Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инфантино многу се зближи со Трамп, сега сака да работи со него и во политиката

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, има предлог претседателот н…