Од таборот на Барселона бурно реагираа после ремито 2:2 со Џирона синоќа, што беше прв кикс на Каталонците во новата сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од Барса изразија негодување за директниот црвен картон кој го доби Клемен Ленгле, па дури и одмерениот Валверде ја нападна одлуката на судијата, донесена со ВАР.
„Не ја видов ситуацијата на ТВ, но има еден интересен факт. Ова е првиот црвен картон каде човекот над кого е направен прекршокот му се извини на човекот со црвениот картон. Не мислам дека имаше агресивно дејство“, изјави Валверде.
И Серхио Бускетс исто така не се согласува со одлуката на судијата.
„Можеби има контакт, се гледа на снимката, но дејството е природно после еден воздушен дуел. Овде не станува збор за агресија. Дури играчот на Џирона се извини“, истакна Бускетс.
