Дома Фудбал Барди и Леванте поразени од Севиља во натпревар со осум погодоци (ВИДЕО)

Барди и Леванте поразени од Севиља во натпревар со осум погодоци (ВИДЕО)

Енис Барди и Леванте денес забележаа пораз од Севиља во натпревар со дури осум погодоци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нашиот интернационалец ги одигра сите 90 минути во натпреварот во кој Севиља го реши во првиот дел.

Бен Једер погоди во 11-тата минута, а Роџер изедначи само минута подоцна. Но до крајот на првите 45 минути, Једер постигна уште два гола, а во листата на стрелците се запиша и Карицо за убедливи 1-4.

При резултат 1:2, фудбалерот на домаќините Моралес не реализираше удар од белата точка.

Гостите во вториот дел после 15 минути игра постигнаа нови два погодоци преку Андре Силва и Сарабиа за веќе огромни 1:6.

Конечните 2:6 беа поставени во последните минути од средбата кога Данецот, Кјаер ја погоди сопствената мрежа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп даваше изјава, па се изненади кога виде кој му „влета“ во кадар за да го поздрави (Видео)

Многу познати фудбалски личности се наоѓаат на Светското првенство како стручен коментар, …