Дома Останати Конор му нудеше виски на Кабиб, па му порача: Благодарен сум што не се симна од автобусот! (видео)

Конор му нудеше виски на Кабиб, па му порача: Благодарен сум што не се симна од автобусот! (видео)

На 6 октомври Кабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор ќе имаат жестока пресметка во рингот на УФЦ и спортската јавност со нетрпение го очекува нивниот меч.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Изминатата вечер по повод нивното соочување, Конор и Кабиб одржаа прес-конференција, а како и што се очекува погласен пред медиумите беше Ирецот кој на разни начини се обидуваше да го омаловажи својот противник.

Во еден момент Конор извади виски и му понуди, но Кабиб ја одби понудата со објаснување дека не пие алкохол, во тој момент Мекгрегор му испрати жестока провокација.

Добро се сеќаваме на хаосот кој Ирецот го направи во април и нападот на автобусот во кој заедно со уште неколку ММА борци беше и Нурмагомедов.

„Навистина сум благодарен на овој човек затоа што не излезе од автобусот. Ако се симнеше, тој денес ќе беше мртов, а јас ќе бев во затвор“, порача Ирецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…