Дома Фудбал Англија Тони Блер нов претседател на Премиер лигата?

Тони Блер нов претседател на Премиер лигата?

Oд политичка, Блер би можел да добие спортска функција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот британски Премиер, Тони Блер е еден од кандидатите за прв човек на фудбалската Премиер лига.

Како што пренесува „Дејли Мејл“ актуелниот претседател, Ричард Скадемор ќе ја напушти функцијата после 20 години и клубовите резмислуваат кој би можел да го замени. Името на Блер засега најмногу беше најчесто споменувано.

Покрај човекот кој една деценија беше на чело на британскиот парламент кандидати се уште директорот на „Скај Спорт“, Барни Франсес и поранешниот директор на БТ групата Гавин Петерсон.

Наследникот на Скадемор ќе има задача да продолжи со засилувањето на Премиер лигата од која се заработува огромна сума на пари преку продажба на ТВ правата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) Биелса по испаѓањето им се развика на новинарите: Доста веќе!

Познато е дека Марсело Биелса не е љубител на разговори со новинари, а се чини дека испаѓа…