Дома Фудбал Видео: Ајакс сигурен, Шахтјор се спаси од пораз!

Видео: Ајакс сигурен, Шахтјор се спаси од пораз!

Тимот од Ајакс со убедливи 3:0 славеше над АЕК на „Амстердам Арена“, додека Шахтјор и Хофенхајм одиграа возбудлив натпревар кој заврши без победник (2:2) во првото коло од ЛШ.

АЕК издржа само едно полувреме на гостувањето кај Ајакс. Таљафико по само една минута игра во второто полувреме го отвори резултатот, а на 2:0 золеми Ван де Бек. Пред самиот крај Таљафико со својот втор гол го постави конечниот резултат.

Во Украина домаќинот Шахтјор се спасуваше од пораз против Хофенхајм. Гостите дојдоа до водство уште во 6-та минута преку Грилих, а во 27-та минута Исмаили го израмни резултатот.

Десет минути подоцна Бундеслигашот повторно дојде до водствот преку Нордвајт, а во 81-та минута Маикон со прекрасен гол ги спаси домаќините од пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Животот без Меси почна со пораз: Уругвај ја замолкна „Бомбонера“

Аргентина загуби со 1:2 во првиот настап по заминувањето на Лионел Меси. Ниту разиграниот …