Дома Топ вести Ракитиќ чека нов договор, Барса го „изигра“: Нема да молам никого!

Ракитиќ чека нов договор, Барса го „изигра“: Нема да молам никого!

Претседателот на Барселона, Јосеп Марија Бартому, соопшти дека клубот не е подготвен да ги задоволи барањата на играчот од средниот ред, Иван Ракитиќ.

Ракитиќ во летниот преоден рок ја одби богатата понуда на ПСЖ, а Барселона му вети дека наскоро ќе му понуди нов договор со повисока плата, но работите се променија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Оваа сезона нема да можеме да го исполниме барањето на Ракитиќ. Договодина ќе направиме проценка, зависи од приходите”, изјави претседателот Бартомеу.

Ракитиќ е очигледно разочаран од ваквата одлука на раководството, па и самиот се огласи на оваа тема.
„Не мислам да молам никого за ништо. Сакам луѓето да бидат задоволни со мене. Одлуката да останам беше моја бидејќи тука сум среќен. Така, што ќе биде, ќе биде. За мене ништо се нема променето“, изјави Ракитиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…