Дома Фудбал Перез ги постави приоритетите за оваа сезона: Ќе може ли Лопетеги да ги исполни?

Перез ги постави приоритетите за оваа сезона: Ќе може ли Лопетеги да ги исполни?

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез му ги соопштил на новиот тренер Јулен Лопетеги приоритетите за новата сезона.

Очекувањата од Лопетеги се исклучително големи, бидејќи тој го наследи Зинедин Зидан, кој ја подигна летвичката многу високо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Перез бил категоричен пред Лопетеги дека најважно за Реал е повторно да триумфира во Лигата на шампиони. „Босот“ истакнал дека мотивацијата за тој трофеј треба да биде исклучително висока, особено поради фактот што финалето се игра во Мадрид, на стадионот на градскиот ривал.

Шпанските медиуми откриваат дека Перез посакува сценарио да игра финале против Барселона и по четврти пат по ред да го освои најценетиот трофеј во Европа.

Другата голема цел е триумф во Примера, бидејќи Перез сака да стави крај на домонацијата на Барселона во шпанското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…