Дома Фудбал Англија 75% од Земјата е покриена со вода, останатите 25% од Ван Дајк

75% од Земјата е покриена со вода, останатите 25% од Ван Дајк

Централниот дефанзивец на Ливерпул, Вирџил ван Дајк го пропушти првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампиони против Ливерпул, но тоа веројатно само додатно го мотивираше.

Вчера Ван Дајк одигра исклучителен натпревар на „Алијанц Арена“ и беше еден од најзаслужните за победата на Ливерпул.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холанѓанецот асистираше за првиот гол на Мане, а го постигна и вториот гол за „црвевите“ и тоа во клучен момент од мечот.

Поради тоа логични беа пофалните зборови од менаџерот Јирген Клоп после мечот.

„Може да се напише книга за неговите знаења, неговата сила, за тоа колку ми се допаѓа и колку фантастична личност е тој. Иако е многу млад, сепак е многу зрел. Вирџил знае дека може да игра дури и подобро, отколку што играше против Баерн“, изјави Јирген Клоп по мечот.

Уште по оригинален во пофалбите кон Холанѓанецот беше сопственикот на клубот Џон Хенри, кој на Твитер напиша:

„75% од Земјата е покриена со вода, останатите 25% од Ван Дајк“.

27-годишниот Холанѓанец е најскапиот дефанзивец во осторијата на фудбалот и за него Ливерпул во јануари 2018 година искешира 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…