Дома Македонски спорт Мак ракомет 50 години назад: Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров тренираат на асфалтно игралиште

50 години назад: Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров тренираат на асфалтно игралиште

Ракометниот клуб Македонија Ѓорче Петров се пожали дека не наидува на никаква поддршка од Град Скопје и Општината Ѓорче Петров.

Имено, клубот поднел барање за дозвола за тренирање во некоја од училишните сали, барањата биле поднесени и од Град Скопје и до Општина Ѓорче Петров, но дозвола се уште немаат.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Поради тоа тие за новата сезона тренираат на асфалтно игралиште како пред 50 години.

Ништо немаме на ум веќе. Патувавме низ времето. Тренинзи ракометни на асфалт како во 60-тите и 70-тите години на минатиот век. Во денешно време.

Само затоа што со нас си играат институционален пинг понг и “високи” политики кои се прекршуваат преку нашиот грб. 70-тина ракометари вежбаат под отворено небо, само кога не врне.

Дали има смисла целокупниот наш напор?

Се обративме до сите релевантни фактори за салата. Градоначалник на Град Скопје, Секретар на Град Скопје, а денеска до Совет и до Градоначалник на Општина Ѓорче Петров. Нашите можности се тие. Се друго е надвор од нашето поле на дејствување“, стои во нивното соопштение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со нов ракометар!

Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот шта…