Дома Фудбал Италија 450 настапи во Серија А: Тоа го можат само најголемите, а токму таков е Пандев!

450 настапи во Серија А: Тоа го можат само најголемите, а токму таков е Пандев!

Скоро две децении македонскиот капитен Горан Пандев е дел од Серија А, а против Торино Пандев ќе го одигра 450. натпревар во најелитната италијанска конкуренција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Да се одиграат 450 натпревари во Серија А не е мала работа и тоа го можат само врвни фудбалери, а токму таков е нашиот капитен. Со оваа бројка Пандев влезе во одбрано друштво, а следен што ќе го надмине е легендарниот Роберто Баџо.

Дека Пандев е вистинска легенда покажува и податокот дека е четврти на вечната листа на странски фудбалери со најмногу настапи во Серија А. Пред него се само тројца, најмногу има Хавиер Занети (615), потоа Самир Хандановиќ (485), па Жозе Алфини Мацола (459).

Кога станува збор за настапите во Серија А кои ги вклучуваат сите фудбалери Пандев е на 34. позиција. Во таа конкуренција на врвот е Буфон со 650.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историски преседан на ФИФА: Мундијал во две години!

Светското првенство во Саудиска Арабија во 2034 година би можело да донесе историски пресе…