Дома Останати Кошарка НБА 40-ка на Харден, Вестбрук блиску до трипл-дабл против „своите“, српскиот судир за Јокиќ (ВИДЕО)

40-ка на Харден, Вестбрук блиску до трипл-дабл против „своите“, српскиот судир за Јокиќ (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари.

Денвер беше подобар од Сакраменто Кингс со 101:94. Овој натпревар на регионот привлекуваше внимание затоа што беше српски судир на Богдан Богдановиќ Немања Бјелица на едната страна и Никола Јокиќ на другата, на крајот се радуваше центарот на Денвер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јокиќ немаше некој спектакуларен учинок и натпреварот го заврши со 13 скокови со по две асистенции и украдени топки. Најефикасен кај гостите беше Џамал Мареј со 18 поени, додека кај Кингси Хомлес уфрли 24 и Фокс 20 поени.

Јута беше подбра од Феникс со 96:95, а Бојан Богдановиќ имаше учинок од 29 поени, пет скокови, две асистенции и две украдени топки.

Комплетната вечер ја обележи Расел Вестбрук и неговиот Хјустон кој играше против неговиот поранешен тим Оклахома. Вестбрук беше блиску до трипл-дабл во победата на Рокетси од 116:112, а неговиот учинок беше 21 поен, 12 скокови и девет асистенции. Џејмс Харден постигна дури 40 поени.

Голден Стејт го совлада Њу Орланс со 134:123, Дрејмонд Грин беше фантастичен со 16 поени, 17 скокови и 10 асистенции, Стеф Кари уфрли 26 поени и запиша 11 асистенции. Ова беше прва победа за Вориорси после двата стартни порази.

Лос Анџелес Клиперси кои оваа сезона се едни од кандидатите за шампионскиот прстен предводени од Каваи Ленард со 30 поени беа подобри од Шарлот со 111:96.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Индијана 96:94

Њујорк – Чикаго 105:98

Атланта – Филаделфија 103:105

Торонто – Орландо 104:95

Хјустон – Оклахома 116:112

Милвоки – Кливленд 129:112

Њу Орлеанс – Голден Стет 123:134

Сан Антонио – Портланд 113:110

Феникс – Јута 95:96

Сакраменто – Денвер 94:101

Лос Анџелес Клиперс – Шарлот 111:96

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Баерн Минхен спреми рекордна понуда за Тео Хернандес

Баерн Минхен на лето најверојатно ќе остане без Алфонсо Дејвис, па веќе ја започна потрага…