Дома Топ вести Барселона и Атлетико се договорија за Гризман

Барселона и Атлетико се договорија за Гризман

Антоан Гризман е блиску до конечна преселба во Атлетико Мадрид од Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубовите наскоро ќе потпишат договор за перманентен трансфер на Французинот за 20 милиони евра плус 2 милиони бонуси. Барселона и Атлетико влегоа во конфликт околу Гризман, бидејќи „јорганџиите“ го користеа фудбалерот само 30-ина минути на секој меч за да избегнат задолжителен откуп.

Со овој договор двете страни се откажуваат од клаузулата за откуп на напаѓачот по закупот за 40 милиони евра.

Барселона се одлучи да попушти бидејќи не сака на крајот на сезоната да се врати Гризман, кој ја има една од највисоките плати во Примера.

Самиот Гризман ќе потпише нов долгорочен договор со намалување на платата за 30%, односно 7 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…