Дома Фудбал 30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини

Судот го прифати барањето на обвинителството и му изрече мерка притвор на Сејдини.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека, постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство, донесе решение со кое на лицето М.С., поренешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, му е определена мерка притвор во трење од 30 дена.

Мерката притвор е определена поради основано сомневање дека лицето сторило кривично дело Проневера во служба.
Воедно, судот оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и можност за влијание врз сведоци и докази во текот на постапката.

Судот ќе продолжи да постапува согласно законските надлежности и во интерес на ефеикасно и законито водење на постапката“, стои во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид не запира: „Кралевите“ подготвуваат уште два големи трансфери

Иако веќе реализираше неколку значајни засилувања ова лето, Реал Мадрид нема намера да зас…