Дома Фудбал Останато 30 години од хаосот на „Максимир“ кој беше најава за распадот на Југославија (ВИДЕО)

30 години од хаосот на „Максимир“ кој беше најава за распадот на Југославија (ВИДЕО)

Денес 13. мај, изминуваат 30 години од големиот инцидент на „Максимир“ кој го најави распадот на поранешната Југославија.

Динамо Загреб требаше да ја пречка Црвена Звезда, меѓутоа тој натпревар никогаш не се одигра. Сликите од дивеењето и насилството брзо го обиколија светот. Се започна на улиците на хрватската престолнина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На неколку часа пред натпреварот на улиците во Загреб започнаа пресметки помеѓу „Бед Блу Бојс“ и „Делиите“, нередите стигнаа и на стадионот. Навивачите на Звезда кои допатуваа во голем број успеаа да дојдат до јужната трибина каде што беа малобројните фанови на Динамо.

Иако „Бед Блу Бојс“ тој ден влегоа на терен и тргнаа кон гостинскиот сектор поголем број од играчите на Динамо и Звезда побегнаа во соблекувалната, а остана запаметен моментот кога Звонимир Бобан со колено го удира полицаеот Рафик Ахметовиќ.

Тогаш 21 годишниот Бобан беше казнет со девет месеци неиграње и не се најде на списокот на селекторот Ивица Осим за Светското првенство во Италија.

„Полицијата одигра голема улога во изживувањето на „Максимир“, прво мирно го следеа дивеењето на навивачите на Звезда, а потоа започнаа да удираат по навивачите на Динамо кои влегоа на теренот“, пишуваат медиумите.

На тој натпревар се потсети Стеван Стојановиќ, поранешниот голман на црвено-белите.

„Излеговме тој ден на загревање, не ни претпоставувавме дека нешто такво може да се случи. Ми беше навистина криво затоа што нашите натпревари во тоа време беа дерби на светско ниво. Политиката тука ги вмеша прстите, ја искористи масата за своите цели. Штета затоа што тогаш имавме низа клубови кои можеа да направат успех во Европа. Сигурен сум дека ако Југославија не се распаднеше, нашата лига ќе беше помеѓу најсилните во Европа. Не сум сигурен дека некогаш повторно некој клуб ќе ги повтори резултатите кои во минатото ги имаа Звезда, Динамо, Хајдук или Партизан. Денес сме далеку од тие времиња“, раскажа Стојановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…