Дома Македонски спорт Владата ја зголеми наградата за Дејан Георгиевски

Владата ја зголеми наградата за Дејан Георгиевски

Македонскиот олимписки херој, Дејан Георгиевски кој освои сребро на ЛОИ во Токио беше примен од Премиерот Зоран Заев и доби дополнителни 800.000 денари како награда за големиот успех.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Ми беше задоволство лично да ги пренесам честитките до сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски носителот на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио во теквондо.

Дејан стана пример и модел за младите дека ништо не е недостижно, дури и олимписките врвови кога талентот оди заедно со посветеноста за најдобри резултати и со упорноста да се постигнат. 

Следејќи го огромниот и историски олимписки успех, Владата на синоќешната седница ја дополни одлуката за паричната награда за Дејан за дополнителни 800.000 денари и таа сега изнесува 2,6 милиони денари“, објави премиерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…