Дома Фудбал Италија Кој ќе оди во ЛШ од Серија А ако Милан, Јувентус и Наполи имаат ист број на бодови?

Кој ќе оди во ЛШ од Серија А ако Милан, Јувентус и Наполи имаат ист број на бодови?

Остана уште едно коло да се доигра во италијанската Серија А, а се браат уште два учесници во Лигата на шампионите.

Шампионот Интер од поодамна ја обезбеди Лигата на шампионите, тоа го направи и Аталанта пред едно коло.
Милан имаше златна шанса да ја обезбеди Лигата на шампионите во саботата против Каљари, но „росонерите“ не победија и одиграа 0:0 на „Сан Сиро“ против Каљари кој во овој натпревар влезе знаејќи дека го обезбеди опстанокот во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вистинско чудо е како Милан пропушти таква прилика и како се најде во проблематична ситуација. Сега Милан и Наполи имаат по 76 бодови, Јувентус има 75.

Во последното коло Милан мора да ја победи Аталанта во Бергамо ако сака во ЛШ. Во случај да освои само бод, тогаш неопходно му е Јувентус да не слави во Беегамо или Наполи да изгуби од Верона.

Постои и сценарио во кое сите три екипи би завршиле со ист број на бодови. Ако Јувентус одигра нерешено, Милан изгуби од Аталанта и Наполи изгуби од Верона, така сите би имале по 76 бодови.

Во тој случај ќе отпадне Јувентус затоа што има најлош меѓусебен скор во мини табелата пред Наполи и Јувентус. Милан во таква ситуација ќе биде и пред Наполи.

„Старата дама“ сепак верува дека ќе ја добие Болоња и се надева најмногу дека Аталанта ќе го запре Милан. Аталанта е фаворит против „росонерите, но нивниот пласман е обезбеден, но секако за Јувентус по реално е да ја бара шансата тука отколку во мечот на Наполи против Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…