Со натпреварот помеѓу Струга Трим Лум и Шкупи утре ќе биде отворено 24. коло во македонската прва лига. Денес се одредени и судиите за ова коло.
За натпреварот крај Охридското езеро е избран најдобриот македонски судија Александар Ставрев, Димитар Пилешков ќе дели правда во Тетово на дуелот Ренова – Работнички.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На „Железарница“ каде што ќе се сретнат Скопје и Шкендија главен на центарот ќе биде Стојан Трпчевски, Марјан Ацевски ќе „свири“ на Борец – Македонија Ѓорче Петров, Крумислав Георгиев е назначен за главен на натпреварот меѓу Тиквеш и Академија Пандев, додека Фуркан Идризи е избран за мечот Пелистер – Брегалница.
24. коло ПМФЛ:
Петок
Струга – Шкупи
Сабота
Борец – Македонија ЃП
Скопје – Шкендија
Пелистер – Брегалница
Ренова – Работнички
Тиквеш – Академија Пандев
Сите средби се играат со почеток од 15:00 часот.