Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс е на мета на италијанските гиганти, Интер и Јувентус, пренесуваат медиумите на Апенините.
Феликс пристигна во Атлетико за 120 милиони евра и требаше да биде замена за Гризман, но во првата сезона не ги оправда очекувањата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Оваа сезона Португалецот не е задоволен од третманот што го добива кај Симеоне, па е спремен да ја промени средината.
„Калчомеркато“ пренесува дека Јувентус е подготвен да го пушти Пауло Дибала во замена за Феликс, додека Интер од друга страна би бил подготвен да се откаже од Лаутаро Мартинез за да го добие Португалецот.
Италијанските клубови не се во можност да понудат 100 милиони евра за Феликс, па поради тоа можна е голема трампа следното лето. Симеоне е голем симпатизер на играта на Дибала и Мартинез.