Дома Фудбал Останато ПСЖ го изгуби дербито со Лион, навивачите стравуваат за Нејмар 🎥

ПСЖ го изгуби дербито со Лион, навивачите стравуваат за Нејмар 🎥

ПСЖ во дербито на 14. коло во француската Лига 1 доживеа пораз на „Паркот на принцовите“ од Лион со 0:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гостите одиграа одличен меч и на крајот заслужено го победија актуелниот шампион на Франција и го прескокнаа на табелата.

Тимо Кадвере го доведе Лион во водство во 35. минута и овој гол се покажа како решавачки.

Навивачите на ПСЖ од поразот можеби повеќе ги загрижува повредата на Нејмар. Во самиот финиш од мечот Мендес остро стартуваше над Бразилецот, а после прегледувањето на снимката главниот судија му додели црвен картон. Нејмар беше на носилки изнесен од теренот, во овој момент не се знае за каква повреда станува збор.

Инаку, со оваа победа Лион го прескона ПСЖ на табелата и сега се втори со 29 бода колку што има и Лил. ПСЖ има 28.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Горецка се договорил со новиот клуб, познати и детали – ќе игра за италијански гигант!

По осумгодишна кариера во Баерн Минхен, 31-годишниот играч за врска Леон Горецка како што …