Дома Останати Кошарка НБА 22-годишник со звукот на сирената го сруши Лејкерси, 45 поени на Дурант, дабл-дабл за Јокиќ

22-годишник со звукот на сирената го сруши Лејкерси, 45 поени на Дурант, дабл-дабл за Јокиќ

22-годишниот Ендру Хембхард во последната секунда донесе победа за Индијана против Лејкерси.

Во последната четвртина Лејкерси влегоа со предност од девет поени разлика 93:84, а со серија од 8:0 дојдоа и до 101:84, па изгледаше дека ќе триумфираат. Водеа Лејкерси се до последните секунда со 115:113, а тогаш Нембхард со звукот на сирената погоди тројка.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Халибартон со 24 поени беше најдобар кај Индијана, Метурин уфрли 23 поени. Ентони Дејвис кај Лејкерси стигна до дабл-дабл од 25 поени и 13 скока, Вестбрук постигна 24 поени, а Леброн 21.

Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар и го водеше Денвер до победата од 129:113 со Хјустон. Му недостасуваа само две асистенции за трипл-дабл. Се играше рамноправно, а на крајот Денвер славеше Јокиќ за 28 минути на паркетот постигна 32 поени и додаде 12 скокови и осум асистенции.

За издвојување е и настапот на Кевин Дурант кој во победата на Бруклин против Орландо постигна 45 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Атланта 104:101

Вашингтон – Минесота 142:127

Бостон – Шарлот 140:105

Бруклин – Орландо 109:102

Торотно – Кливленд 100:88

Њу Орлеанс – Оклахома 105:101

Денвер – Хјустон 129:113

Јута – Чикаго 107:114

Сакраменто – Феникс 117:122

ЛА Лејкерс – Индијана 115:116

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…