Дома Фудбал Спектакл со седум гола во Истанбул🎥

Спектакл со седум гола во Истанбул🎥

Башакшехир и Лајпциг одиграа фантастичен натпревар со седум гола во Лигата на шампиони, а на крај се радуваа гостите од Германија.

Лајпциг подобро го отвори мечот и поведе во 26-та минута со голот на Полсен, а потоа Мукиеле зголеми на 2:0. Пред крајот на полувремето домаќинот се врати со голот на Кавечи.

Дани Олмо во второто полувреме погоди за 3:1 и се чинеше дека Лајпциг чесно ќе дојде до трите бода, но Кавечи со уште два гола донесе израмнување на 3:3. Во судиското продолжение гостите сепак дојдоа до трите бода со голот на Сорлот.

На другиот меч кој се играше во исто време Краснодар го победи Рен со минимални 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…