Баерн Минхен вчера шести пат во својата историја стана шампион на Европа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Одлучувачки беше голот на Кингсли Коман меѓутоа не можеше да не се забележ и значењето на фантастичниот Мануел Ноер.
Ноер иако имаше еден период во кој добиваше критики сега повторно покажува дека е еден од најдобрите на својата позиција. Германскиот голман беше одличен и во полуфиналето, па вчера во финалето само ја потврди фантастичната форма.
Најголемата одбрана на Ноер беше онаа на почетокот од натпреварот кога прво го одбрани ударот на Нејмар, а потоа и го спречи додавањето во шеснаесетникот. Покрај одбраните, Ноер и констатно учествуваше во играта на Баерн. Во финишот од натпреварот Ноер одбрани и „еден на еден“ ситуација со Мбапе, меѓутоа тука Мбапе и да постигнеше гол немаше да важи затоа што беше во офсајд.