Дома Останати Кошарка НБА 20 поени за Дончиќ во триумфот на Далас, лични рекорди на Ембид и Бил (ВИДЕО)

20 поени за Дончиќ во триумфот на Далас, лични рекорди на Ембид и Бил (ВИДЕО)

Во изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни осум натпревари и во нив видовме неколку одлични индивидуални настапи.

Џоел Ембид стигна до рекорд на кариерата во победата на Филаделфија над Атланта со резултат 129:112. Одличниот Камерунец натпреварот го заврши со 49 поени и 14 скокови.

До рекорд на кариерата стигна и Бредли Бил. Во претходниот натпревар постигна 53 поени, а вчера против Милвоки имаше учинок од 55 поени, но неговиот Вашингтон беше поразен од најдобрата екипа со 134:137 после продолженија.

Лука Дончиќ продолжи со одличните настапи. Во победата на Далас над Минесота 139:123 на Словенецот му недостасуваа еден скок и три асистенции за да запише трипл-дабл. Мечот го заврши со 20 поени, девет скока и седум асистенции.

Џејмс Харден продолжи во свој ритам. Првата ѕвезда на Хјустон уфрли 37 поени во победата над Њујорк Никси со резултат 123:112. Џулијан Рендл со 17 поени и 12 скокови беше најдобар кај гостите.

Најубедлива победа остварија ЛА Клиперси. Предводени од Каваи Ленард со 22 поени го победија Мемфис со 124:97.

НБА резултати:

Кливленд – Мајами 125:119

Филаделфија – Атланта 129:112

Вашингтон – Милвоки 134:137

Бруклин – Орландо 113:115

Хјустон – Њујорк 123:112

Далас – Минесота 139:123

Јута – Феникс 111:131

ЛА Клиперс – Мемфис 124:97

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Чави спремен да се врати во Барса: Сакам да започнам нов проект

Легендата на Барселона, Чави Ернандес не ја крие желбата еден ден да се врати на „Камп Ноу…