Дома Останати 2.000 учесници денес стартуваа на маратонот во Пјонгјанг – половина од нив се странци

2.000 учесници денес стартуваа на маратонот во Пјонгјанг – половина од нив се странци

Во Пјонгјанг денеска се одржува годишен маратон, на кој учествуваат околу 2.000 натпреварувачи, од кои половината се странци и покрај санкциите на Обединети нации за Северна Кореја поради нејзината нуклеарна и балистичка ракетна програма.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стадионот „Ким Ил-сунг“, со капацитет од 40.000 седишта денеска е преполн со гледачи. Маратонот е дел од комеморацијата по повод одбележувањето на роденденот на Ким Ил-сунг, кој е роден на денешен ден пред 105 години.

Учесниците по почетокот на трката поминаа пред обелискот на кој пишува „Големите лидери Ким Ил-сумг и Ким Џонг-ил секогаш ќе бидат со Вас“, а потоа поминаа пред градските знаменитости, вклучително и огромните статуи од бронза на двајцата поранешни лидери.

– Помалку е надреално што сме овде. Учествувам во спортски настан во Северна Кореја, а тоа не може секој да го каже, изјави 35-годишниот Ирец, Ричи Ли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…