Дома Фудбал Познат планот: Лигата на шампиони ќе се доигра во 20 дена

Познат планот: Лигата на шампиони ќе се доигра во 20 дена

УЕФА е во последна фаза од подготвување план за крајот на сезоната во Лигата на шампиони.

Според информациите, преостанатите натпревари во најелитниот турнир ќе се одржат во 20-дневен период помеѓу 3 и 23 август. Останатите реванши од осминафиналето ќе се одржат помеѓу 3 и 10 август.

Потоа четвртфиналето, кое ќе започне на 12 август, а полуфиналето, кое ќе биде на 15 и 16 август, ќе се игра на само еден натпревар без реванш. Финалето е закажано за 23 август во 21 часот по македонско време.

Сите натпревари се очекува да се играат во Лисабон, а Франкфурт ќе биде резервна варијанта.

Финалето во Лигата на Европа ќе биде на 21 август, исто така во 21 часот по наше време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канаваро ја откри големата желба: Сакам да ја водам Италија!

Фабио Канаваро мечтае за клупата на „аѕурите“, а сè уште нема одговор зошто Удинезе не го …