Дома Останати Тенис 19-годишниот Руне го шокираше Ѓоковиќ во Париз!

19-годишниот Руне го шокираше Ѓоковиќ во Париз!

Данската тениска надеж го шокираше Новак Ѓоковиќ во финалето во Париз и го совлада Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Холгер Руне славеше со 3:6, 6:3 и 7:5. Уште во првиот сет Данецот најви дека ќе биде незгоден ривал, но не ја искористи брејк топката, а потоа дојде пад во неговата игра. Ѓоковиќ тоа знаеше да го искористи направи брејк и го освои сетот.

Ѓоковиќ се обидуваше да го одземе сервисот на Руне на стартот од вториот сет, меѓутоа 19-годишниот тенисер се одбрани од нападите и го освои сервисот сервисот на Ѓоковиќ за 2:0. Во продолжение ја задржа предноста и го доби сетот со 6:3.

Во третиот сет Ѓоковиќ прв направи брејл, но Руне возврати и изедначи на 3:3. Потоа следуваше голема борба. Данецот со нов брејк поведе со 6:4 и по драма од 20-тина минути го доби 12. гем кој значеше титула во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…