На Светското првенство во ракомет за жени што се одржува во Јапонија, попладнево завршија натпреварите од последното, 5.коло во групната фаза по кои последна пласман во полуфиналето обезбеди Норвешка со триумфот над Германија.
Претходно учеството во натпреварите за медал го потврдија, Русија, Шпанија и Холандија, па познати се полуфиналните двојки.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во полуфиналето ќе играат:
Норвешка – Шпанија
Русија – Холандија.
Неочекуваниот во трката за медал ќе ја нема Данска која денеска „ремизираше“ со Србија 26-26, па во конечниот пласман заврши како деветто пласирана.
Репрезентациите на Србија и Црна Гора ќе играат во натпревар за 5-то место