Доаѓањето на Кристиано Роналдо му помогна на Јувентус да стане еден од најуспешните брендови во светот на фудбалот.
„Газета дело спорт“ го објави финансискиот извештај во кој се наведува дека присуството на Роналдо на „Старата дама“ и донело неверојатни 58 милиони евра дополнителна заработка од маркетинг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Секој податок поврзан со економијата на Јуве оди во нагорна линија, па така на пример приходите од продажба на производи во 2018-та изнесувале 27, а оваа година 44 милиони евра.
„Старата дама“ едноставно млати повеќе пари по сите основи, како што се приходи од продажба на карти, радио и тв права, реклами…па јасно е дека Роналдо има голем импут во економијата на Јувентус.
Со неговото доаѓање драстично пораснаа и спонзорските договори на клубот. Јувентус претходно од „Адидас“ добиваше 23 милиони евра по сезона, а сега добива 51 милион. Од „Џип“ пак приходите пораснаа од 16 на 50 милиони евра.
За крај Јувентус пред Роналдо на социјалните мрежи имаше 49,7 милиони следбеници, а во моментов има 83.9 милиони.
Cristiano Ronaldo's impact for Juventus since joining:
— Football Tweet (@Football__Tweet) December 10, 2019
Social media following:
Before Ronaldo – 49.7M
After Ronaldo – 83.9M
Adidas kit sponsorship:
Before Ronaldo – €23M
After Ronaldo – €51M
Jeep kit sponsorship:
Before Ronaldo – €16M
After Ronaldo – €50M pic.twitter.com/Wm8aEnuKyk