Дома Фудбал Италија Хаос во Торино: Заза и Мацари се „фатиле за гуша“

Хаос во Торино: Заза и Мацари се „фатиле за гуша“

Поранешниот италијански репрезентативец Симоне Заза се најде во центарот на вниманието откако направи проблеми на денешниот тренинг на Торино.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Заза во Торино стигна минатата година, а италијанскиот клуб го откупи пред неколку месеци од Валенсија. Сепак, 28-годишниот напаѓач е резервна опција во Торино, а тоа не му се допаѓа.

Италијанските медиуми пишуваат дека Заза имал жустра расправија со тренерот Валтер Мацари, зашто очекувал да игра од првата минута откако се повреди Андреа Белоти, но тоа не се случи.

Заза вербално го нападнал Мацари, па веднаш бил повикан на разговор со раководството и му порачале дека во јануари ќе биде продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алжир во пламен: Прослава на шампионскиот успех достигнува епски размери

Алжир е во пламен. Откако МЦ Алжир го обезбеди својот десетти наслов шампион на државата, …