Дома Фудбал Останато Нејмар го „ископира“ Роналдо – еве го коментарот на Тухел

Нејмар го „ископира“ Роналдо – еве го коментарот на Тухел

Враќањето на нејмар после повредата не помина онака како што планираше Бразилецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчера се најде во стартниот состав против Лил, но не одигра добар натпревар. На теренот Нејмар помина само 64 минути кога Тухел одлучи да го замени.

Место Нејмар во игра влезе Мбапе кој пред натпреварот не се чуствуваше најдобро, сепак одигра половина час.

Нејмар покажа незадоволство поради замената. При излегувањето се поздрави со Мбапе, но не Тухел не го ни погледна и отиде право во соблекувалната, нешто слично како што направи Роналдо против Милан.

Ова сигурно не беше паметен потег затоа што навивачите на Нејмар се уште не му простиле за отворениот обид да исфорсира трансфер во Барселона. Оваа ситуација после натпреварот кратко ја прокоментира и Томас Тухел.

„Не го забележав тоа бидејќи бев фокусиран на тактичката промена. Ќе мораме да разговараме“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…