Во тек е истрагата за нередите во Атина во кој загина 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис. Судот викендов го заврши сослушувањето на уапсените 105 навивачи и на сите им е одредена мерка притвор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите на грчките медиуми, првите 41 од групата од 105 навивачи ќе бидат распределени во 16 затвори во Грција. Осум хулигани на Динамо ќе бидат испратени во затворот Авлона, шест во Коридалос, додека останатите 27 ќе бидат префрлени во 27 затвори.
Родителите на навивачите се загрижени поради одлуката толку многу да ги распредели во различни затвори.
Дел од навивачите се жалеа и на условите во кои се сместени, а сега хрватски „Индекс“ објави видео од затворот Коридалос. На видеото може да се види како во просторија од 25 метри квадратни се сместени 15 луѓе.