Дома Фудбал Англија 146 секунди – толку му беа потребни на Тотенхем за да го прегази Арсенал (видео)

146 секунди – толку му беа потребни на Тотенхем за да го прегази Арсенал (видео)

Тотенхем го победи Арсенал 2:0, во дербито на северен Лондон, кое се одигра во рамките на 35.коло во Премиер лигата.

Дербито на северен Лондон, 184-то по ред, му припадна на Тотенхем, кој на „Вајт Харт Лејн“ го совлада најголемиот ривал Арсенал 2:0. Тотенхем ја запиша 60-та победа во дуелите со Арсенал, кој остана на 80 победи.

Тимот на Маурисо Покетино со оваа победа ја продолжи потерата по Челзи во борбата за шампионската титула.

Тотенехем против Арсенал ја забележа деветтата победа во низа, а до неа стигна во вториот дел со головите на Деле Али и Хари Кејн постигнати во 56. и 57.минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Соиграчот на Халанд воодушевен: Пронајдовме вистински бисер!

Ерлинг Халанд изрази огромното задоволство од Ајуб Буади (18), едно од најголемите таленти…