Дома Фудбал Останато Роналдо се пофали: Шампион во Англија, Шпанија и Италија…

Роналдо се пофали: Шампион во Англија, Шпанија и Италија…

Со натпреварите кои се играат во сабота и недела завршува уште една сезона во Серија А.

Во Италија не се случи ништо ново и Јувентус осми пат во низа стигна до титулата шампион.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клубот од Торино на почетокот од сезоната го доведе Кристиано Роналдо од Реал Мадрид кој беше купен за 100 милиони евра.

Роналдо со Јувентус не успеа да ја освои Лигата на шампионите, но со своите одлични настап даде голем допринос во победите во Серија А.

Португалецот оваа сезона во Серија одигра 31 натпревар на кои постигна 21 гол и запиша 11 асистенции, а пред неколку дена беше прогласен за најкорисен играч во Италија.

Со оваа награда Роналдо се пофали на социјалните мрежи.

„Шампион во Англија, Шпанија и Италија…Најдобар играч во Англија, Шпанија и Италија..Нема граници во достигнувањата кога го живееш својот сон со секој нов ден“.

Меѓутоа навивачите на Јувентус не се премногу среќни поради освојувањето на осмото Скудето во низа, главната цел на клубот од Торино беше Лигата на шампионите, трофеј на кој италијанскиот шампион чека долго време. Неуспехот и елиминацијата во четвртфиналето од најелитното европско натпреварување го плати Масимилијано Алегри кој после завршувањето на оваа сезона нема да биде тренер на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Покажете му*а“ – навивачите на Милан бесни по елиминацијата!

Рома беше подобра од Милан и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а навивачите на …