Дома Фудбал Германија Баерн ослабен за мечот со Ливерпул

Баерн ослабен за мечот со Ливерпул

Баерн Минхен и Ливерпул утре ќе го одиграат еден од најинетерсните дуели во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Првииот меч се игра на „Енфилд“, а Баварците денес го објавија тимот со кој ќе патуваат во Англија и во него отсуствуваат три големи ѕвезди.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Покрај Томас Милер, кој издржува суспензија поради црвен картон во групната фаза на Лигата на шампионите против Ајакс, исто така меѓу пријавените не се ниту Франк Рибери и Џером Боатенг.

Покрај отуствата на важни фудбалери, германските медиуми пренесуваат дека во Баерн овие денови владее тензична атмосфера. Имено, „Билд“ открива дека тренерот Ковач деновиве задоцнил на еден од тренинзите, што пак предизвикало ревлот кај фудбалерите, бидејќи само ден порано тој им одржал лекција за доцнење на играчите.

Најголем проблем направил Тиаго Алкантара кој пак бил бесен по последниот натпревар во Бундеслигата кој Ваварците го одиграа во петокот со Аугсбург. Тој влегол во вербална пресметка со Ковач, по што настанала голема караница во соблекувалната.

„Ливерпул е фаворит. Тие цела сезона имаат загубено еден натпревар во лигата и примено само 15 голови. Кога ќе не погледнете нас, ние не сме толку конзистентни како порано. Сега е малку поразлично. Ова е шанса да се развиеме, да најдеме нови начини за успех. Блиску сме до Дортмунд, сме во четвртфиналето на Купот на Германија и се уште во ЛШ. Па не е се лошо. Ама треба да го подобриме нашиот стил на игра пред да можеме да се споредиме со најдобрите тимови во Европа“, изјави Џошуа Кимих.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Судиски аналитичар за голот на Милан: Ова е срамота!

Голем револт во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанецот кој го водеше на…