Дома Фудбал Италија 121 лице од Јувентус во изолација, со видео порака се огласи и Ањели

121 лице од Јувентус во изолација, со видео порака се огласи и Ањели

Јувентус потврди дека 121 лице од клубот се во самоизолација, вклучувајќи ги играчите, директорите и членовите на стручниот штаб откако беше откриено дека Даниеле Ругани има коронавирус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ругани беше првиот фудбалер во Серија А кој е позитивен на коронавирусот, денес после фудбалерот на Јувентус се потврди дека со овој вирус се заразил и напаѓачот на Сампдорија Маноло Гамбјадини.

Помеѓу оние од Јувентус кои се во самоизолација е и претседателот на клубот, Андреа Ањели.

„После вчерашните вести со позитивниот тест на Ругани на коронавирусот – КОВИД 19, 121 лице вклучувајќи ги играчите, членовите на стручниот штаб, директорите, вработените во клубот…Се одлучија на доброволна самоизолација во склад со правилата кои се на сила“, стои во официјалното соопштение од торинскиот гигант.

Со видео порака се огласи и самиот претседател на клубот Андреа Ањели кој потврди дека и тој е во самоизолација од вчера. Тој ја искористи приликата и да ја промовира кампањата за собирање на парични средства за болницата во регионот Пјемонт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Винисиус направил естетска операција, навивачите се шокирани од новиот изглед (Видео)

По завршувањето на Светското фудбалско првенство и поразот на Бразил од Норвешка, Винисиус…