Дома Фудбал Италија 10 годишно момче болно од леукемија ја испрати најтажната порака до Михајловиќ: Волкот не е злобен како што звучи!

10 годишно момче болно од леукемија ја испрати најтажната порака до Михајловиќ: Волкот не е злобен како што звучи!

Конференцијата која ја одржа Синиша Михајловиќ во саботата погоди многумина, а посебно едно дете од Монца.

Михајловиќ во саботата соопшти дека боледува од леукемија и дека пред него е најтешкиот животен натпревар, а 10 годишното момче Мирко одлучи да му испрати писмо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мирко исто така има леукемија и место јули како и неговите врсници да го помине на плажа трчајќи по топката тој е присилен да биде во болница и да се лекува. Сепак, тој е голем оптимист и се обиде својот отпимизам да го пренесе на тренерот на Болоња.

„Јас сум Мирко, дете од 10 години со големи квалитети. До октомври 2018 години бев нормално дете. Си играв, одев на училиште, навивав за Парма…Тогаш во октомври отидов во болница и дознав дека имам леукемија. Тогаш не знаев што е тоа, но подоцна дознав се за оваа тешка болест. Имав два избори – да плачам по цел ден или да тргнам во борба“.

„Најголемата помош ја добив од фудбалерите на Парма, посебно од Газала и Инглесе. Одев на стадионите да го следам својот омилен тим. Тие активности ми помогнаа да поминува низ месеците. Гледав натпревари и читав се што е поврзано за фудбалот. Сепак во мај примив нови лоши вести. Третманите повеќе не се доволни, морав да одам на трансплатација. Освен тоа првенството е завршено“…
Сепак, Мирко не се откажува.

„На 14-ти мај имав трансплатација на коскена срж и во овој момент изгледа е се во ред. Пред неколку дена видов на конференцијата дека бевте многу тажни. Никој не го разбира вашиот страв подобро од мене. Иако имам само 10 години стравот е еднаков за сите. Сакам да ви кажам да не се откажувате, да не плачете и да направите се што треба. Се надевам дека мојот совет ќе ви помогне. И кој знае можеби еден ден ќе се сретнеме, јас на трибината, вие на теренот. Посебна прегратка од Мирко. И запаметете некогаш волкот не е толку злобен како што звучи“, напишал во писмото храбриот Мирко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…