Дома Фудбал Англија 10 годишното момче кое го проколна Ливерпул

10 годишното момче кое го проколна Ливерпул

Ливерпул изгледаше толку незапирливо што едно десетогодишно момче, фан на Манчестер Јунајтед се реши да испрати писмо до Клоп преку кое го замоли Германецот неговиот тим да изгуби.

Писмото од младиот навивач во јавноста се појави на 21. февруари, значи отпрлика пред околу две недели и сега изгледа како да ги проколна „црвените“. Клоп дури и одговори на писмото на навивачот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Драг Клоп. Ливерпул многу победува. Ако победите на 9 натпревари во низа ќе имате најдолга низа на непобедливост во историјата на англискиот фудбал. Бидејќи јас сум фан на Манчестер Јунајтед тоа ме прави тажен. Ве молам да изгубите на следниот натпревар. Треба само да му доволите на противникот да ве победи. Се надевам дека ве убедив да не ја освоите лигата или барем да не победувате повеќе“, гласеше писмото на навивачот.

Следуваше одговорот на Клоп:

„За жал не можам да ти ја исполнам желбата. Ти колку и да сакаше Ливерпул да изгуби мое е да направам да победува бидејќи имаме милиони навивачи кои сакаат тоа да се случи. Не сакам нив да ги изневерам. За твоја среќа ние сме губеле во минатото и тоа ќе се случи сигурно во иднина. Кога имаш 10 години мислиш дека работите секогаш ќе бидат исти, јас со 52 можам да ти кажам дека не е така. Се надевам дека уште ќе победуваме и ќе освоиме уште некој трофеј и тоа нека не те разочарува. Нашите клубови се ривали, меѓутоа помеѓу нас има почит. Тоа е најважното во фудбалот“.

Од тогаш Ливерпул почна да губи. Прво од Атлетико во Мадрид со 1:0 во осминафиналето, потоа со многу потешкотии го победи Вест Хем (3:2), за вчера да изгуби од Вотфорд (3:0).

Со поразот од Вотфорд Ливерпул испушти шанса да ја прекине серијата на непобедливост на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан го сака братот од ѕвездата на Интер

Милан покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат ита…