Дома Фудбал Италија 05.13.2012: Денот кога „дамата“ се збогуваше со својот „џентлмен“ (ВИДЕО)

05.13.2012: Денот кога „дамата“ се збогуваше со својот „џентлмен“ (ВИДЕО)

Jувентус низ својата историја имал многу големи играчи, а еден од најголемите секако е Алесандро Дел Пиеро, големиот капитен на „старата дама“. Токму на денешен ден капитенот и кажа довидување на својата „дама“

За Јувентус Дел Пиеро потпиша во 1993 година и остана се до 2012 година. Во Серија А дебитираше против Фоџа. Големата кариера во црно-белиот дрес ја најави веќе во следниот натпревар на кој постигна хет-трик и тоа откако од клупата за резерви влезе како замена. Во кариерата одигра дури четири финалиња во Лигата на шампионите и во ова натпреварување постигна 42 гола на 89 натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најлоша сезона во Јувентус му беше онаа во 1999 година кога против Удинезе заработи тешка повреда и ја пропушти скоро целата.

Неговата игра беше вистинска уметност, па така од тогашниот претседател на Јувентус Џани Ањели го доби прекарот Пинтуричио по славниот ренесансен уметник.

Специјалност на Дел Пиеро беа слободните удари, а она по што сите го препознаваа е неговото радување со испружувањето на јазикот кое низ кариерата стана и негов заштитен знак.

Срцата на навивачите на Јувентус дополнително ги освои кога остана во тимот и од кога Италијанската федерација го исфрли Јувентус во Серија Б во 2006 година. Од тогаш до денес се памети неговата изјава:

„Вистинскиот џентлмен никогаш не ја напушта својата дама“.

Од Јувентус се раздели со Скудето во 2012 година негов последен натпревар беше против Аталанта.

05.13. 2012 ЈУВЕНТУС – АТАЛАНТА

Колку голем играч беше Дел Пиеро говори и тоа што „Сантијаго Бернабеу“ во натпреварот против Реал Мадрид во 2008 година го награди со стоечки овации за неговиот настап. Колкумина противници биле наградени од публиката на „Бернабеу“?

05.11.2008 РЕАЛ МАДРИД – ЈУВЕНТУС

И не само од „Бернабеу“, овации за Дел Пиеро имаше и од „Олд Трафорд“.

24.05.2011 МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – ЈУВЕНТУС

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…