Дома Фудбал Италија Џузепе Канеља: ЦИЕС го проценил Елмас на 70 милиони? Мора да има роднини таму…

Џузепе Канеља: ЦИЕС го проценил Елмас на 70 милиони? Мора да има роднини таму…

Вчера фудбалската опсерваторија и истражувачки центар ја објави вредноста на повеќе фудбалери меѓу нив беше и Елиф Елмас кој беше проценет на 70 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вредноста на Елмас сега ја коментираше италијанскиот брокер Џузепе Канеља во интервјуто за „Радио Пунто Нуово“. Според него Елмас не вреди 70 милиони евра.

„ЦИЕС го проценил Елмас на 70 милиони евра? Добар играч е, но сигурно не вреди толку пари. Мора да има роднини во ЦИЕС…“, изјави помеѓу другото Канеља.

Сезонава Елмас игра одлично за Наполи, често се наоѓа во првиот тим и стигна до бројката од 100 настапи за клубот од Неапол. Освен тоа со добрите настапи прераснува и во лидер на македонската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Член на шампионската генерација се уништува од алкохол и спие на клупи

Тој беше дел од шампионската генерација на Наполи, ја делеше соблекувалната со легендарнио…