Британскиот боксер Ентони Џошуа, со одлука на судиите, го победи Енди Роуз во Саудиска Арабија и си ги врати загубените појаси во тешка категорија.
Џошуа се користеше со тактиката на браќата Кличко и со директ создаде сигурна дистанца против Руиз кој е 15 сантиметри понизок, има пократки раце и никако не успеа да му се доближи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа наиде на бројни критики, но Џошуа има одговори дека тој ќе остане гладен и понизен и после победата над Руиз.
„Човек како мене нема изговори кога станува збор за боксот, навикнав да ги нокаутирам своите противници. Претходниот пат бев уловен, останав без изговор и му оддадов почит на Енди. Останете гладни, останете понизни. Го прифатив поразот и успеав да се вратам. Дали се уште сакате да се повлечам“, изјави Џошуа.
Сега веќе поранешниот шампион, Енди Руиз изјави дека главна причина за поразот беше неговата преголема тежина. Тој во рингот влезе со дури 129 килограми, 21 повеќе од Џошуа.